ЦРЕШОВО ТОПЧЕ

Црешовото топче било изработувано непосредно пред и во текот на Илинденското востание и претставува симбол на непокорот и стремежот на македонскиот народ за слобода и самостојност. Од воен аспект овие дрвени топови немале особено значење и не можеле да се споредат со силната османлиска топовска артилерија, но психолошкиот ефект суштински влијаел врз борбениот дух на востаниците поради што биле наречени „пропагандни топови“. Се изработувале во повеќе места, како селото Кленоец, Кичевско, селото Лактиње, Охридско, манастирот „Св. Јован Бигорски“, но најмногу биле изработени во Крушевскиот Регион. За нивна изработка најчесто се користело дрво на див бадем или дива цреша. Однадвор биле зацврстени со метални обрачи. Должината им била од 80 до 150 см, а тежината од 20 до 70 кг.  Имале дострел од 400 до 500 м. Се полнеле со крупен барут, шајки, ситни парчиња железо, а како топовски зрна се користеле топовски ѓулиња, тегови од кантар, дури и рачни бомби. Изложениот модел е копија на зачуваниот оригинален примерок на црешовото топче што се наоѓа во Воениот музеј во Истанбул, Република Турција.

ЦРЕШОВО ТОПЧЕ (КОПИЈА)

Легенди:
1. ЦРЕШОВО ТОПЧЕ (КОПИЈА)
2. ДРВЕН ТЕГ ЗА ПОЛНЕЊЕ И ПОДМАЧКУВАЊЕ НА ТОПЧЕТО (КАРТЕЧ ЗА ПОЛНЕЊЕ)
3. ДРВЕН СТАП ЗА ПАЛЕЊЕ ФИТИЛ
4. БАРУТНИЦА
5. ДРВЕН ФИШЕК ЗА БАРУТ
6. ЃУЛЕ (МАЛО)
7. ТЕГ, КРУШОВИДНА ФОРМА
8. ТЕГ, КРУШОВИДНА ФОРМА СО ПРСТЕНИ
9. ОЛОВНИ ЗРНА КОРИСТЕНИ КАКО ПОЛНИЛО
10. КЛИНЧИЊА КОРИСТЕНИ КАКО ПОЛНИЛО
11. СРЕДНА КОШНИЦА СО ДВЕ РАЧКИ КОЈА СОДРЖИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content