Пристапност

Објектот на Музејот на македонската борба е граден според современите стандарди за пристапност.

  • Главниот влез на музејот е лесно пристапен за лица со попреченост во движењето.
  • Во објектот постојат лифтови и тоалети за лица со попреченост во движењето.
  • Во изложбените простории и во холот постојат места за одмор.

Музејот поседува две инвалдиски колички кои се на располагање за користење.

За слепите и слабовидни лица музејот отпечати каталог на музејската поставка на Браево писмо. Музејот поседува аудио водич Минато на дланка за одбрани тактилни предмети преку кои е претставена музејската поставка. Овој водич има и верзија на Браево писмо.
Доколку имате посебни барања во врска со посетата ви стоиме на располагање на нашиoт контакт телефонски број: 3 256 668

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк (ПДФ документ)

Pristapnost

Scroll to Top
Skip to content