ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА 1914 – 1918
Првата светска војна (1914 -1918) претставува значаен настан од нашата, но и европската историја и меморија. Преку различните типови и форми на пишана меморија-музејски артефакти, фотографии, документарен наративен материјал ќе ве запознаеме со тивките сведоштва за војната на сите засегнати директни и индиректни учесници во неа…
ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА 1914 – 1918
Првата светска војна (1914 -1918) претставува значаен настан од нашата, но и европската историја и меморија. Преку различните типови и форми на пишана меморија-музејски артефакти, фотографии, документарен наративен материјал ќе ве запознаеме со тивките сведоштва за војната на сите засегнати директни и индиректни учесници во неа, но и предизвиците на една друга борба – борба на животот на обичниот човек, имајќи ги предвид социолошките аспекти, но и различните модели на функционирање во воени услови. Потпирајќи се на афирмираните и добро познати историски факти и научноистражувачки резултати што го портретираат овој четиригодишен конфликт, ќе овозможиме подобро перципирање и осознавање на динамичните политичко–историски процеси и општествени случувања во предвечерјето, текот и завршувањето на Првата светска војна.
