ГРАДЕЊЕ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ВЛАСТ

Демократски принципи

Највисоката задача на револуцијата била исполнета со градењето на Републиката и власта во неа што била поставена врз длабоко демократски принципи, единство и еднаква застапеност на сите националности во нејзините органи. Воената власт ја презел востаничкиот штаб. Највисок орган на цивилната власт бил Советот на Републиката, составен од шеесет истакнати граѓани од различни националности. Од неговите редови била избрана Привремена влада од шест члена под претседателство на Дину Вангели. Секој член на Владата раководел со одреден сектор: за судство, финансии, безбедност, реквизиција, прехрана и санитет.

Членовите на Привремената влада на Крушевската Република

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА

Привремената влада, како извршен орган на Крушевската Република, била составена од шест члена, претставници од трите национални заедници во градот Крушево: Македонци, Власи и Албанци. Главна задача на владата била преку свои ресори да се грижи за финансиите, да спроведе реквизиција, да се грижи за ранетите и болните, да ги одржува редот и мирот и да ја извршува судската власт.

Восочни фигури: 1. ХРИСТО ЌУРЧИЕВ, 2. ЃОРЃИ ЧАЧЕ, 3. ДИМИТАР СЕКУЛОВ, 4. НИЛОЛА БАЉУ, 5. ДИНУ ВАНГЕЛИ, 6. ТЕОХАР НЕШКОВ
Восочни фигури: 1. ХРИСТО ЌУРЧИЕВ, 2. ЃОРЃИ ЧАЧЕ, 3. ДИМИТАР СЕКУЛОВ, 4. НИЛОЛА БАЉУ, 5. ДИНУ ВАНГЕЛИ, 6. ТЕОХАР НЕШКОВ

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content