ГЕМИЏИИ

Спомените на една генерација Македонци организирани во револуционерен кружок, познати како „гемиџии“, се нераскинливо поврзани со историските премрежиња на вековната борба на македонскиот народ за извојување национална и социјална слобода. Идејно единствени и посветени на делото овие млади анархисти по цена на најскапи жртви – нудејќи ги сопствените животи – сметале дека преку својот нагласен индивидуализам во револуционерната акција може да го заменат колективниот народен напор и на таков начин да го спасат народот од последиците на едно општо востание и дека кон ослободителното дело повеќе можат да придонесат преку спектакуларни акции што ќе одекнат во светот. За максимален ефект кон крајот на април 1903 година во Солун извршиле серија динамитски акции што биле насочени против објектите на странскиот капитал во империјата, со цел да го свртат вниманието на европската и светската јавност за решавање на македонското прашање. Од друга страна, проникнати со чувство на длабок хуманизам во текот на акциите направиле сѐ за да се избегнат непотребни невини жртви. Пожртвуваноста и вербата во исправноста на избраниот пат, со кој покажаа дека животот без слобода е безначаен, го овековечија нивното дело што остави траен белег во колективната меморија на македонскиот народ.

БЕРБЕРСКА РАБОТИЛНИЦА

Една од целите на напад на гемиџиите била Отоманската банка во Солун. За таа цел спроти зградата на банката била најмена берберска работилница. Оттаму започнало копањето на подземниот тунел што водел кон темелите на банката, со намера да постават експлозив за нејзино уривање.

Восочна фигура: ЈОРДАН ПОП ЈОРДАНОВ–ОРЦЕТО 1881-1903, МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР, АНАРХИСТ, РАКОВОДИТЕЛ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНИОТ КОНСПИРАТИВЕН КРУЖОК - „ГЕМИЏИИ“
Восочна фигура: ЈОРДАН ПОП ЈОРДАНОВ–ОРЦЕТО 1881-1903, МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР, АНАРХИСТ, РАКОВОДИТЕЛ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНИОТ КОНСПИРАТИВЕН КРУЖОК - „ГЕМИЏИИ“

КОПАЊЕТО НА ПОДЗЕМНИОТ ТУНЕЛ ДО ОТОМАНСКАТА БАНКА ВО СОЛУН

Процесот на копање на подземниот тунел, со одредени прекини на сите активности поради опасност да биде откриен, се одвивал од 1900 до 1903 година. Копањето вообичаено го вршеле по двајца гемиџии во смена. Потребниот кислород во тунелот се обезбедувал со помош на ковачки мевови, а ископаната земја се изнесувала внимателно во торби.

Восочни фигури: МАРКО БОШНАКОВ 1874-1903, ИЛИЈА ТРЧКОВ 1884-1903, ДИМИТАР МЕЧЕВ 1870-1903, КОНСТАНТИН КИРКОВ 1882-1903, ВЛАДИМИР ПИНГОВ 1883-1003
Восочни фигури: МАРКО БОШНАКОВ 1874-1903, ИЛИЈА ТРЧКОВ 1884-1903, ДИМИТАР МЕЧЕВ 1870-1903, КОНСТАНТИН КИРКОВ 1882-1903, ВЛАДИМИР ПИНГОВ 1883-1003

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content