МАНИФЕСТ НА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА

Прокламација на слобода и еднаквост

Крушево
Крушево

Идејните принципи на револуционерната власт добиле најочевиден израз во Крушевскиот манифест, кој претставува документ за целите и задачите на револуцијата, за нејзините демократски стремежи, кои воделе кон братска слога и единство меѓу народите. Преку овој повик упатен до населението во околните муслимански села биле прокламирани високите начела на македонската револуција за доследна револуционерна борба на сите потиснати народи, без оглед на нивната национална и верска припадност. Значењето и големината на Манифестот се огледа во неговата јасно изразена декларација за слобода, рамноправност и демократија. Таа порака за универзални човекови права, далеку пред своето време, длабоко се врежа во свеста на македонскиот народ, трајно определувајќи го не само неговиот судбински избор туку и неговата иднина.

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content