Изложба и промоција на филателистичка марка и плик по повод 100 години од раѓањето на Чеде Филиповски – Даме

НУ Музеј на македонската борба за самостојност ќе биде домаќин на промоцијата на филателистичка марка и филателистички плик со ликот на народниот херој Чеде Филиповски – Даме којашто ќе се одржи во четврток, 19 октомври, со почеток во 19 часот.

Промоцијата се организира во соработка со АД Пошта на Северна Македонија и Сојуз на филателисти на Македонија, во рамки на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на народниот херој, Чеде Филиповски – Даме. Промоцијата ќе биде проследена со изложба на дела од ликовниот уметник Александар Филиповски – Ацо. Изложбата ќе биде отворена за посета од 19 до 29 октомври 2023.

Чеде Филиповски – Даме (с. Никифорово, Гостиварско, 16 ноември 1923 – Радовишко, 26 јуни 1945) е македонски комунист и првоборец од НОБ.  Бил прогласен за народен херој на 1 август 1949 година.

Scroll to Top
Skip to content