ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ

Борба за слобода

Илинденското востание, кое започнало на 2 август 1903 година, ја претставува славната епопеја на револуционерната борба на македонскиот народ со сопствени сили да извојува слобода и независност. За почетокот на востанието била известена и светската јавност преку Декларација во која биле изнесени причините и целите на востанието. Истовремено ГШ на востанието, раководејќи се од хумани побуди да не страда невино население, пратил писмо до Дирекцијата на источните железници во Македонија со седиште во Солун, предупредувајќи ја за почетокот на востанието што би било проследено со напади врз железниците. Главното жариште на востанието било во Битолскиот револуционерен округ, каде што тоа имало најголем успех. Востаничките операции во округот не се ограничиле само на напади врз телефонските и телеграфските линии, патните комуникации и месните гарнизони и единици. Тие, пред сѐ, биле насочени кон создавање слободни територии и организирање востаничка власт. Најречит пример за тоа претставува создавањето Република во ослободено Крушево каде што востаниците доследно ги изразиле своите демократски и државотворни стремежи. Не помалку значајни се и селото Смилево и гратчињата Клисура и Невеска каде што формирањето востаничка власт претставувало уште еден придонес во остварувањето на целите на востанието.

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content