Пиштол со механизам на навивање

Инвентарен број: И/2, Датирање: втора половина на XVII век, Должина: 56,5 см; ширина: 10 см
Материјал: челик Занаетчиска изработка Деловите, цевката и механизмот од преднополнечкиот коњанички пиштол од типот ,,Lützen“ се значително кородирани. Видлива е цевката на оружјето што пред кородирањето била надворешно октогонално фасетирана по целата должина од 56,5 см. Механизмот на овој тип пиштоли во литературата најчесто се нарекува ,,механизам со колце“, а поретко ,,механизам на навивање“, термин што укажува на принципот на кој работи сложениот склоп што личи на часовник.

Пиштол со механизам на навивање

Scroll to Top
Skip to content