КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА

Прва република на Балканот

Крушево
Крушево

Илинденското востание го доживеа својот зенит во ослободено Крушево, каде што била воспоставена востаничка власт позната како Крушевска Република. Формирањето на оваа прва и долго време единствена република на Балканот, чиј идеолог и претседател бил Никола Карев, било резултат на солидната организација и успешното изведување на востанието во Крушевскиот револуционерен реон. Таа го изнесува најнапредното и најпрогресивното кај востанатите маси и се јавува како израз на нивната свест, на нивната волја и нивната решеност за самостојност и слобода. Градејќи ја власта во Републиката врз напредни принципи, нејзините градители се покажаа како големи визионери, великани на своето време. Иако Крушевската Република траела само десет дена, сепак зазема посебно место во нашата историја и претставува чин на врвна победа на револуцијата и израз на стремежите за слобода и градење сопствена држава на целиот македонски народ.

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content