Светот и Балканот

Генеза и почеток

МАКЕДОНИЈА ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Фердинанд од Австрија и неговата сопруга Софија во Сараево на 28 јуни 1914 година е настан впишан во светската историја. Овaа вест, која тоа лето го обиколи светот, видлива е и денес во содржината на повеќе зачувани автентични печатени медиуми. На 28 јули 1914 година атентатот, кој историски е дефиниран како casus belli, го официјализира почетокот на дотогаш најголемата империјалистичка војна – Првата светска војна 1914-1918 година. Сепак, вистинските индикатори кои ја поттикнаа војната се повеќеслојни и нѐ водат неколку децении наназад во XIX век. Најзастапени тези во светски рамки се дека таа се должи на изразениот империјализам, национализам, милитаризам, индустријализација, како и антагонизмот на воените сојузи здружени во Централните сили и Антантата, односно сферите на интерес на Големите Сили проектирани како глобално, така и регионално на Балканот.

„Le panorama de la guerre de 1914-1915“

- издадена од Societe d'editions et de publications Librairie Jules Tallandier, Париз, втора деценија на XX век

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content