ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ, СЕМЕЈНИ ФОНДОВИ И СВЕДОШТВА

„ЕДВАЈ ПРЕЖИВЕАВМЕ“

Преку личните предмети, семејните фондови и сведоштва ги оживуваме лицата и настаните од Големата војна и се втурнуваме во нови животни приказни на цивилното население и војниците, суптилно прикажувајќи го животот за време на војна.

Исечок од француски весник „J'ai vu“, околу 1916/1917 г.
НА ПАТОТ ЗА БИТОЛА: ГРАНАТА ЗАПАЛИ СКЛАДИШТЕ ЗА МУНИЦИЈА
Исечок од француски весник „J'ai vu“, околу 1916/1917 г. НА ПАТОТ ЗА БИТОЛА: ГРАНАТА ЗАПАЛИ СКЛАДИШТЕ ЗА МУНИЦИЈА

Малку снимки ја имаат прецизноста како горната фотографија. Зад една од куќите на работ од патот, јасно разликуваме два дима: густ црн облак настанат од експлозијата на проектилот и бел чад кој потоа се појави од складиштето за муниција, точно спроти куќата. Неколку секунди по експлозијата еден од нашите дописници ја направи оваа фотографија, неверојатно храбро и без страв. Старата куќа, толку стабилна, толку цврста, само отскокна. За среќа, при првиот удар жителите избегале. Ги гледаме овде, сè уште исплашени и сите во солзи (фотографија како мал овален медалјон).

Исечок од весник „ Le Miroir“, француско потекло
ЕЗЕРСКИ РЕГИОН СЕВЕРОЗАПАДНО ОД БИТОЛА
Исечок од весник „ Le Miroir“, француско потекло ЕЗЕРСКИ РЕГИОН СЕВЕРОЗАПАДНО ОД БИТОЛА

Фото 1. Набљудувачки пункт поставен на џамија

Фото 2. Езерска патрола во областа Охрид

Фото 3. Коњаницата го евакуира селото поради силниот дожд и излевање на езерото

Нашата неодамнешна македонска офанзива наиде на тешкотии кои изгледаа непремостливи. Големи езера се распространети низ овој регион. Повеќето од селата се густо изградени и кога ќе настанат поплавите, жителите се евакуираат. Сите наши патроли користееа чамци со поставени митралези на предниот дел и се движеа низ трските. Нашите набљудувачки пунктови беа поставени на високите дрвја и на џамиите.

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content