МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Крстопат на светските патишта

Како резултат на комплексните околности наметнати од претходните воени случувања, кои го инхибираа процесот на етаблирање на самостојна македонска држава, во текот на Големата војна Македонија беше позиционирана како дел од новопроширените граници на балканските држави. Македонскиот народ егзистираше без решено национално и социјално прашање. Вардарскиот дел на Македонија најчесто беше именуван со термините „новоослободени и присоединети јужни краеви – области“ или „новоприсоединети земји“ во кои владееја воено-административни закони, прописи и специјални уредби. Во услови на окупација и реокупација, македонскиот народ и припадниците на другите народи од Македонија, по пат на регрутација и мобилизација, се најдоа директно во виорот на воените дејства. Генералните процени се дека повеќе од 200.000 лица војувале за туѓи интереси и цели на страна на двата воени блока – Антантатa (српска и грчка војска) и Централните сили (бугарска војска).

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content