НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА БРАЌАТА МАНАКИ

ПРВИТЕ БАЛКАНСКИ СНИМАТЕЛИ

Целокупниот фотографски и филмски опус на Браќата Јанаки (1878 – 1960) и Милтон (1882 – 1964) Манаки е од исклучително значење, како за македонската така и за светската историја и визуелната уметност. Автентичните и раритетни снимки на кои се забележани значајни личности од почетокот на XX век и денес ги портретираат историските настани, како Илинденското востание, Младотурската револуција, Првата и Втората светска војна. Балканските „Браќа на светлината“ станале хроничари на едно историско време, особено по купувањето камера од серијата „Биоскоп“ – „камера 300“ и снимањето на првиот филмски запис на Балканот именуван по нивната „Баба Деспина“. Снимките од Големата војна кои се со исклучителна документарна моќ денес ни ги доближуваат лицата на познатите и/или непознатите војници од двата спротивставени блока, но и борбата за преживување на локалното население.

Браќата Милтон (1882 - 1964) и Јанаки (1878 - 1960) Манаки
Браќата Милтон (1882 - 1964) и Јанаки (1878 - 1960) Манаки

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content