МЕДИЦИНСКИ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРЕДИЗВИЦИ НА ХУМАНОСТА

Првата светска војна на голема сцена го постави „вториот фронт“ каде мисиите станаа хуманитарна и воена неопходност во справувањето со тешките рани, епидемиите, инфекциите, гладот, но и грижата за бегалците и сирачињата. Лошите хигиенски и животни услови, тешките терени, разурнувањата, гладoт и загадената вода за пиење станаа погубни за војниците и цивилите. Во такви услови, општата здравствена и санитарна состојба на македонското население кое страдало од вековната присутност на заразните болести со најразлична патологија, стана очајна. Тоа ја стави Македонија на топографската мапа на присуството и делувањето на медицинските и добротворните мисии од повеќе земји од светот. Благодарение на воспоставените хируршки амбуланти и примената на стратегиите за превенција од епидемиите, кои еволуираа од изолација и карантин до санитарни мерки и имунизација беа спасени многу човечки животи.

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top
Skip to content