Музеј на македонската борба за самостојност

Промоција на донации – лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски

Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски ќе бидат промовирани во НУ Музеј на македонската борба за самостојност на 30 мај 2024, четврток, во 19 часот. Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација маке­донски книжевници чии дела

Промоција на донации – лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски Read More »

Бесплатен влез во чест на 18 мај, Меѓународниот ден на музеите

Го славиме Меѓународниот ден на музеите, 18 мај, ден кој од 1977 година, се одбележува од Меѓународниот совет на музеите ИКОМ (ICOM) како Меѓународниот ден на музеите.  Целта на Меѓународниот ден на музеите е да се подигне свеста за фактот дека, „Музеите се важно средство за културна размена, збогатување на културите и развој на меѓусебно

Бесплатен влез во чест на 18 мај, Меѓународниот ден на музеите Read More »

Поставена изложбата „Жена“ на Историскиот архив од Ниш

Изложбата на фотографии „Жена“ на Историскиот архив од Ниш, Република Србија е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност. Изложбата е во организација на Српскиот кулурно-информативен центар „Спона“ од Скопје и опфаќа фотографии во чиј фокус е улогата на жената во социолошко-општествените прилики во Ниш и неговата околина почнувајќи од раниот 20.век, преку индустријализацијата

Поставена изложбата „Жена“ на Историскиот архив од Ниш Read More »

Во чест на Гоце Делчев, апостолот на Македонија

На 4 мај 1903 година во Баница загинал Ѓорѓи Николов Делчев (р. 4 февруари 1872, Кукуш) – великан, идеолог, стратег и национален херој, претставник на македонската интелигенција, авангарда која ја одбележа македонската револуционерна борба на крајот од 19. и 20. век. Во сите фази – како ученик во Солунската гимназија, дипломец на военото училиште во

Во чест на Гоце Делчев, апостолот на Македонија Read More »

Празнично работно време

Ја информираме јавноста дека Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде затворен во следните денови согласно Законот за празници: Среда, 1 мај, петок, 3 мај и недела, 5 мај. Среда, 8 мај, е неработен ден поради одржување избори, согласно Одлуката на владата.  

Празнично работно време Read More »

Учество на Меѓународната конференција „Запознај, види, направи“ 2024

Меѓународната конференција за музеи „Запознај, види, направи 2024 година“ (Meet, See, Do 2024) во организација на Балканската музејска мрежа се одржа на 18 и 19 април во Тиват, Црна Гора. Повеќе од петнаесет сесии, предавања, паралелни работилници и презентации беа со фокус на главната тема – Заштита на културното наследство во време на криза. Седумдесетина

Учество на Меѓународната конференција „Запознај, види, направи“ 2024 Read More »

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ продолжува до 15 април

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ на Спомен куќата Мајка Тереза ќе биде отворена за посетителите до 15 април. Поставена во чест на Меѓународниот ден на жената 8 Март, изложбата го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ продолжува до 15 април Read More »

Потпишан Меморандум за соработка со ЈНУ Институт за национална историја

Меморандум за соработка меѓу НУ Музеј на македонската борба за самостојност и ЈНУ Институт за национална историја беше потпишан на  25 март 2024 година. Меморандумот во името на двете институции го потпишаа в.д. директорката на Музејот на македонската борба, Ана Китановиќ и в.д. директорот на ЈНУ Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов. Соработката

Потпишан Меморандум за соработка со ЈНУ Институт за национална историја Read More »

Одбележан Светскиот ден на поезијата

Во Музејот на македонската борба за самостојност на 21 март 2024 беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Настанот во организација на Здружението на просветни работници на Град Скопје, се реализираше со поддршка на Музејот, а во фокусот на манифестацијата беа 90 години од раѓањето на великанот на македонското творештво Петре М. Андреевски. Во оваа прилика

Одбележан Светскиот ден на поезијата Read More »

Едукативни работилници Запознај го животот во минатото и На линија на фронтот

Во тек се едукативни работилници наменети за учениците од основните училишта. ЗАПОЗНАЈ ГО ЖИВОТОТ ВО МИНАТОТО е едукативна работилница во традиционалнаѕа куќичката во музејската поставка, каде учениците имаат прилика да се запознаат со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото. НА ЛИНИЈА НА ФРОНТОТ е едукативна музејска работилница за животот на војниците

Едукативни работилници Запознај го животот во минатото и На линија на фронтот Read More »

Scroll to Top