Одбележан Светскиот ден на поезијата

Во Музејот на македонската борба за самостојност на 21 март 2024 беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Настанот во организација на Здружението на просветни работници на Град Скопје, се реализираше со поддршка на Музејот, а во фокусот на манифестацијата беа 90 години од раѓањето на великанот на македонското творештво Петре М. Андреевски.

Во оваа прилика Музејот доби и Благодарница за соработка и поддршка од Здружението на просветни работници на Град Скопје и Здружението на пензионери на општина Центар.

Scroll to Top
Skip to content