Музејски предмети
генерал михајло апостолски
Михајло Апостолски ( 8.11.1906 Ново село, Штип – 7.8. 1987, Стар Дојран) е македонски партизан, командант, народен херој, првиот генерал на Народноослободителната војска на НОВ и Партизанските одреди на Македонија, човек кој во текот на Втората светска војна од мали партизански одреди успеа да формира батаљони, бригади, дивизии и корпуси, прв доктор на воени науки, академик, општественик, функционер и носител на многубројни домашни и меѓународни одликувања. Изложените лични предмети се само еден мал дел од неговиот целокупен легат кои ја потврдуваат исклучителната улога што тој ја има во антифашистичката и народноослободителна борба на македонскиот народ во Втората светска војна.
Дел од позначајните настани од неговата богата биографија:
- Именуван е за генерал-мајор од страна на врховниот комадант на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито – мај 1943 г.
- Поставен е на должност помошник – началник на Врховниот штаб,односно Генералштабот на Југословенската армија- февруари 1945г.
- Одликуван е за народен херој на 9 октомври 1953 г.
- Се пензионирал со чин генерал-полковник во 1958 г.
- Бил Директор на Институт за национална историја во Скопје од 1.1965г. до 31.12.1970г. ;
- Со титула прв доктор на воени науки во Македонија се стекнал со одбрана на докторската дисертација под наслов „NEKE KARAKTERISTIKE NOR- a I REVOLUCIJA U JUGOSLAVIJA A POSEBNO U MAKEDONIJI“ (14.06.1982г.);
- Бил избран за редовен член на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ) во 1967 г.
- Бил претседател на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ) во период од 1976 г. до 1983г.
- Член на Српската академија за науки и уметности – САНУ, 1968г.
- Претседател на МАНУ, од 1976 -1983;
- Член на Словенечката академија за науки и уметности, 1977г.
- Член на Академија за науки и уметности на Босна и Херцеговина, 1978г.;
- Претседател на Советот на академиите на науките и уметностите на СФРЈ, 1978-1981 г.
- Дописен член на Југословенска академија на науки и уметности – ЈАЗУ од 1979 г.
- Доживотен претседател на Сојузот на друштва на историчарите на Македонија избран во 1986г.
- Член на Академијата на Косово и на научните друштва во Битола, Штип, како и Научно друштво за историја на здравствена култура во Белград
Позначајни авторски дела на Михајло Апостолски:
- Пролетната офанзива во 1944 година во Македонија, Скопје 1957,
- Февруарски поход, Скопје 1975,
- Завршните операции за ослободување на Скопје, Скопје, 1975,
- Студии и статии, Скопје 1975,
- Погледи на југословенско-бугарските односи во Втората светска војан, Скопје 1980 и други научни прилози и трудови.





