развојот на ноб
во 1943 година
слободни територии
НОБ брзо и масовно се развиваше во виорот на војната, а по капитулацијата на Италија се ослободија првите градови во Западна Македонија – Кичево и Дебар. Слободната територија се простираше не само во Кичевско, Дебар, Охридско, туку и во централна и источна Македонија, во реонот на Кожув и козјачкиот масив. На дел од неа се развиваше живот, како во слободна и организирана држава. Беа формирани и легално работеа органите на народна власт, беа отворени првите училишта на настава на македонски јазик, беа формирани и дејствуваа народни судови, општествено-политички организации, но и верското поверенство. Тука, во Лопушник беше преместено политичкото и воено раководство од Скопје, а беа отворени и три бази на ЦК на КПМ и ГШ во Лопушник, Караорман и Преспа. На оваа територија се формираше баталјонот Мирче Ацев (18.8.1943 г.), а потоа и Првата македонско-косовска бригада (с. Сливово, 11.11.1943 г.), со што почна процесот на создавање на македонската војска.









