Лични и семејни фондови
семејство циривири
Сториите за семејствата кои обединети, решителни и издржливи се борат против воените предизвици служат како инспирација за солидарност, храброст и единство. Таква инспиративна сторија ни носи и шестчленото семејство Циривири. Поттикнати од длабоката љубов кон татковината, жестоката верба во правда, еднаквост и слобода, членовите на ова работничко семејство оставија силен печат во македонската национална историја. Дел од нив храбро загинаа во Народноослободителната антифашистичка војна, втемелувајќи се во македонската државност, самостојност и независност.








