ОРУЖЈЕ И ВОЕНА ОПРЕМА
репрезенти на македонската историја како дел од општата светска историја
Изложенoто оружје и воена опрема директно се поврзани со македонската историја, како дел од општата светска историја. Тие се поделени во три типолошки групи на предмети: ладно оружје – бајонети, огнено оружје – автомати, пиштоли, пушки и помошен војнички прибор – фишеклии, футроли, војнички капи, опасачи, шлемови кои се автентични репрезенти на Втората светска војна. Во поширок контекст предметите сведочат за главните карактеристики на дел од оружјето произведено во иновативната Прва светска војна, а подоцна модифицирано, технички подобрено и употребувано во Втората светска војна. Нивното потекло од западните и балканските фабрики потсетува дека секоја војна носи контрасти и е израз на деструкција.





