Музејски предмети

генерал михајло апостолски

Михајло Апостолски ( 8.11.1906 Ново село, Штип – 7.8. 1987, Стар Дојран) е македонски партизан, командант, народен херој, првиот  генерал на Народноослободителната војска на НОВ и Партизанските одреди на Македонија, човек кој во текот на Втората светска  војна од мали партизански одреди успеа да формира батаљони, бригади, дивизии и корпуси, прв доктор на воени науки, академик, општественик, функционер и носител на многубројни домашни и меѓународни  одликувања. Изложените лични предмети се само еден мал дел од неговиот целокупен легат кои ја потврдуваат исклучителната улога што тој ја има во антифашистичката и народноослободителна борба на македонскиот народ во Втората светска војна.

Граѓаните воодушевено ги дочекуваат ослободителите на Скопје, 19.11.1943, Извор Пет години слободно Скопје, Михајло Апостолски, „Битката на Скопје“, Градски одбор на Народен фронт, 1949

Дел од позначајните настани од неговата богата биографија:

  • Именуван е за генерал-мајор од страна на врховниот комадант на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито – мај 1943 г.
  • Поставен е на должност помошник – началник на Врховниот штаб,односно Генералштабот на Југословенската армија- февруари 1945г.
  • Одликуван е за народен херој на 9 октомври 1953 г.
  • Се пензионирал со чин генерал-полковник во 1958 г.
  • Бил Директор на Институт за национална историја во Скопје од 1.1965г. до 31.12.1970г. ;
  • Со титула прв доктор на воени науки во Македонија се стекнал со одбрана на докторската дисертација под наслов „NEKE KARAKTERISTIKE NOR- a I REVOLUCIJA U JUGOSLAVIJA A POSEBNO U MAKEDONIJI“ (14.06.1982г.);
  • Бил избран за редовен член на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ) во 1967 г.
  • Бил претседател на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ) во период од 1976 г. до 1983г.
  • Член на Српската академија за науки и уметности – САНУ, 1968г.
  • Претседател на МАНУ, од 1976 -1983;
  • Член на Словенечката академија за науки и уметности, 1977г.
  • Член на Академија за науки и уметности на Босна и Херцеговина, 1978г.;
  • Претседател на Советот на академиите на науките и уметностите на СФРЈ, 1978-1981 г.
  • Дописен член на Југословенска академија на науки и уметности – ЈАЗУ од 1979 г.
  • Доживотен претседател на Сојузот на друштва на историчарите на Македонија избран во 1986г.
  • Член на Академијата на Косово и на научните друштва во Битола, Штип, како и Научно друштво за историја на здравствена култура во Белград

Позначајни авторски дела на Михајло Апостолски:

  • Пролетната офанзива во 1944 година во Македонија, Скопје 1957,
  • Февруарски поход, Скопје 1975,
  • Завршните операции за ослободување на Скопје, Скопје, 1975,
  • Студии и статии, Скопје 1975,
  • Погледи на југословенско-бугарските односи во Втората светска војан, Скопје 1980 и други научни прилози и трудови.
Scroll to Top