темели на современата македонска држава

прво заседание на антифашистичкото собрание на народното ослободување на македонија - асном

На Вториот македонски Илинден – 2 август 1944 година, со одржување на Првото заседание на АСНОМ, во манастирот „Св. отец Прохор Пчињски“ се удрија темелите на современата македонска држава. Првата македонска национална држава беше основана како Демократска Федерална Македонија, рамноправна држава во рамките на Демократска Федеративна Југославија, воспоставена на принципите од Второто заседание на АВНОЈ.  Одлуките кои беа донесени од делегатите на Првото заседание на АСНОМ се од  исклучителна важност бидејќи се конститутивни, државотворни и претставуваат јадрото од кое се градеше и развиваше државата.  

АСНОМ не беше никаква случајност, туку израз на созреана политичка мисла и настан кој се подготвуваше речиси една година. АСНОМ е симбол за државност, рамноправност, слобода, но и израз на суверенитет.

Фотографии од Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година, во манастирот „Св. отец Прохор Пчињски“ 

Факсимил од Манифест на АСНОМ.
Факсимил од Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно тело и највисок орган на државна власт на демократска Македонија.
Проглас на ЦК на КПМ „Македонски народе“ во врска со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, 4 август 1944
Факсимил од Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија.

Прочитајте повеќе...

Scroll to Top