Видео презентација на изложбата посветена на Ѓорче Петров

https://youtu.be/UxkgS21IkMA

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го претставува најновиот проект од годишната програма на институцијата.

Во извонредно сложени работни услови и светска борба против вирусот Ковид 19, музејот ја реализира изложбата посветена на 155 години од раѓањето на Ѓорче Петров, еден од најсветлите ликови на македонското револуционерно движење чиј живот и оставнина оставиле траен белег во македонската национална историја. Видео презентацијата е дел од изложбата 155 години од раѓањето на Ѓорче Петров – историја, традиција, култура и поддржана од Министерството за култура.

Scroll to Top
Skip to content