Изложба за градските и руралните панаѓури во 19 и 20 век

https://youtu.be/zDNB-orQ05U

Во пресрет на празничната сезона, најавуваме уште еден проект со кој музејот ќе ги заврши своите активности во тековната 2020 година.

  

 

Изложбата Градските и руралните панаѓури во Османлиска Македонија во 19 и 20 век наскоро ќе биде поставена во Музејот на македонската борба за самостојност. Врз основа на литературата, сите видови на достапни извори и теренските истражувања, ќе дадеме визуелен приказ на панаѓурите во градските и руралните средини во 19 и 20 век, дефинирајќи ја временската рамка на нивниот постанок, развој и функционирање.

Изложбата е дел од годишната програма на музејот за 2020 година и се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Scroll to Top
Skip to content