Со „Гласник на слободата” ќе се одбележи Денот на независноста

По повод 32 години од независноста, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за Култура организираат серија настани под слоганот „8 Септември – Гласник на слободата”.

НУ Музеј на македонската борба за самостојност се вклучува во одбележувањето на Денот на независноста, со посебна мултимедијална програма насловена како “Видео приказни од музејската архива” и слободен влез за сите посетители.

На 8 септември, на повеќе локации во музејот во периодот од 10 до 14 часот ќе бидат презентирани кратки музејски видео приказни на различни теми:

– Неколку нијанси женски приказни, видео омаж посветен на неколку исклучителни жени од македонската историја меѓу кои – Оливера Вера Јоциќ, Калипсо Налча, Роса Плавева и други;

– Музејски раритети;

– Илинден 1903 година;
– Спомени од Прва светска војна;
– Прогласување на независноста на Р.Македонија 1991 година;
– Донација на Семејство Шабан .

Во 12 часот, во Конференциска сала концерт ќе одржи Гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје, во состав Божана Гошева – прва виолина, Илија Јовчев – втора виолина, Никола Соколовски – кларинет, Александар Ицковски – виолончело, На програмата ќе бидат дела од Равел, Дворак, Пијазола и други.
Посетителите ќе имаат можност и да ја погледнат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година.

Scroll to Top
Skip to content