„Бела ноќ“ во Музејот на македонската борба

НУ Музеј на македонската борба за самостојност повторно е дел од традиционалната манифестација Бела ноќ. Оваа сабота, 30 септември 2023, градот Скопје ќе биде домаќин на низа културни настани на различни локации. Музејот на македонската борба нуди слободен влез за сите посетители и разгледување на галериите под стручно водство на нашите музејски водичи до 22 часот. Освен постојаната музејска поставка, музејот ги поканува посетителите да ја посетат привремената изложба по повод 120 години од Илинденското востание „Темелник на државноста“.

Scroll to Top
Skip to content