Промовирана монографијата Сојуз на борци на НОАВМ и нивните продолжувачи 1948-2023 година 

На 15 декември 2023 во Музејот на македонската борба за самостојност беше промовирана монографијата Сојуз на борци на НОАВМ и нивните продолжувачи 1948-2023 година од авторите проф. д-р Љубица Јанчева и проф. д-р Александар Литовски.

Проектот е дел од годишната програма за 2023 година на Музејот на македонската борба за самостојност во соработка со Сојузот на борци на НОАВМ и е реализиран со поддршка од Министерството за култура.

Ова е прва соработка меѓу музејска институција и Сојузот на борци, реализирана со помош на Владата на Република Северна Македонија, којашто и со овој проект ја демонстрираше својата поддршка на Сојузот на борците во негувањето на традициите, зачувување на споменот на борците и одбележувањето на светлите датуми од Народноослободителната војна како еден од најзначајните периоди во историјата на македонската држава.

Музејот на македонската борба за самостојност е дел од овој проект како институција која има одговорност да го чува и презентира колективното паметење на нашите предци. Со изворно претставување на историските случувања, културните традиции и револуционерниот од на македонскиот народ во неговата повеќевековна борба за создавање своја национална држава, музејот е место за афирмација на нашиот македонски идентитет и суверенитет преку презентација на музејски предмети, документи, фотографии, видеозаписи, историски документарни филмови, видеопрезентации…

На свечената промоција на монографијата, свое обраќање имаа Димитар Ковачевски, претседател на Владата на РСМ, видео обраќање на министерката за култура на РСМ, Бисера Костадинова Стојчевска, директорката на НУ Музеј на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, како и потпретседателот на Сојуз на борци, Наум Бурчевски. Во името на авторите говореше проф. д-р Љубица Јанчева, а книгата ја промовираше проф. д-р Елена Јованова Грујовска.

Scroll to Top
Skip to content