Договорена гостувачка изложба од Музејот на жртвите на геноцидот од Белград

Во посета на Музејот на македонската борба за самостојност беа претставниците на Музејот на жртвите на геноцидот од Белград, Србија, предводени од директорот Дејан Ристиќ. Во оваа прилика беше потпишан договор за организација на гостувачка изложба којашто ќе биде поставена во нашиот музеј од 1 до 30 ноември оваа година. Станува збор за изложба на делата на монахињата Марија, насловена „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“. Договорот за организација на изложбата го потпишаа м–р Даниела Николова, директорката на Музејот на македонската борба за самостојност и д-р Дејан Ристиќ, директор на Музејот на жртвите на геноцидот. Оваа изложба е договорена како резултат на потпишаниот Протокол за соработка меѓу двете институции.

Scroll to Top
Skip to content