Амбасадорот на Австрија во посета на Музејот на македонската борба за самостојност

Новиот амбасадор на Австрија во Р.С. Македонија , Н.Е. Мартин Памер, го посети Музејот на македонската борба за самостојност. Негов домаќин беше директорката Даниела Николова која, во оваа прилика, му ја презентираше постојаната поставка, новите содржини, измени и дополнувања на музејската поставка коишто се фокус во оваа тековна 2023 година како и привремената музејска изложба поставена во холот на музејот „120 години од Илинденското востание“.

Scroll to Top
Skip to content