Едукативни програми и работилници

Летна едукативна работилница со Еурокидс

Музејот на македонската борба ги продолжува едукативни активности за ученици од секоја возраст и ова лето. На 3 јули бевме домаќини на децата од летното училиште #EUROKIDS – LANGUAGE FACTORY кои откако ја посетија музејската поставка, учествуваа во работилницата  „Запознај го животот во минатото“. Низ интерпретацијата на музејските едукатори во традиционалната куќичка во музејската поставка, […]

Летна едукативна работилница со Еурокидс Read More »

Едукативни работилници Запознај го животот во минатото и На линија на фронтот

Во тек се едукативни работилници наменети за учениците од основните училишта. ЗАПОЗНАЈ ГО ЖИВОТОТ ВО МИНАТОТО е едукативна работилница во традиционалнаѕа куќичката во музејската поставка, каде учениците имаат прилика да се запознаат со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото. НА ЛИНИЈА НА ФРОНТОТ е едукативна музејска работилница за животот на војниците

Едукативни работилници Запознај го животот во минатото и На линија на фронтот Read More »

Уредувачки маратон на тема „Жената низ историјата“

Во чест на Меѓународниот ден на жената во соработка со Викимедија МКД, во Музејот на македонската борба на 7 март беше организиран уредувачки маратон на тема „Жената низ историјата“. Членовите на Вики клубот, ученици од гимназијата „Јосип Броз Тито’“ од Скопје, под менторство на професорката по историја, Ирена Трајковска Стејровска, имаа прекрасна можност да се

Уредувачки маратон на тема „Жената низ историјата“ Read More »

На линија на фронтот

Едукативна  музејска работилница за животот на војниците и цивилното население на македонскиот фронт за време на Првата светска војна, којашто траела од 1914 до 1918 година. Преку  презентација на музејските едукатори учесниците ќе се запознаат за дотогаш најголемата империјалистичка војна во светот. Во завршниот дел на работилницата преку интересни прашања и игра, учесниците ќе имаат

На линија на фронтот Read More »

Замисли го животот во минатото

Продолжуваме со постојаната едукативна програма во нашиот музеј. На 28 и 29 март 2023, учесници на работилницата „Замисли го животот во минатото“ беа учениците од второ одделение од  ООУ Блаже Конески од Скопје. Тие се запознаа со предметите и начинот на живеење на луѓето во минатото преку презентација во етно куќичката која е дел од

Замисли го животот во минатото Read More »

Работилница со учениците од ООУ Григор Прличев

На 23 февруари 2023 година, бевме домаќини на учениците од 8 одделение од ООУ Григор Прличев од Скопје кои учествуваа во работилницата „Запознај го животот во минатото“. Во првиот дел од работилницата тие се запознаа со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото претставени во етно куќичката во постојаната поставка. Дружењето го

Работилница со учениците од ООУ Григор Прличев Read More »

Работилница за изработка на „Ќостек“

На 20 декември 2022 година, во Музејот на македонската борба се одржа креативната работилница за изработка на “Ќостек“ во соработка со здружението Креативна работилница – Мобилност Скопје. Учесниците на оваа работилница се запознаа со сложеноста на изработката на ќостекот – празничен накит кој го носеле мажите и жените на носиите, како синџир за часовник или

Работилница за изработка на „Ќостек“ Read More »

Scroll to Top
Skip to content