Летна работилница со децата од Еурокидс

Едукацискиот тим ја продолжува соработката со децата од летното училиште Еурокидс од Скопје. Тие учествуваа во едукативна работилница “Замисли го животот во минатото“.  Откако се запознаа со предметите од етно куќичката во музејската поставка и нивната намена во минатото, учениците имаа можност креативно да се изразат преку едукативните боенки.

Музејот подготвува нова музејска едукациска игра која ќе биде наменета како за децата така и за возрасните.

Scroll to Top