Музејот почнува со реализација на нова едукативна работилница со натпреварувачки карактер која се однесува на национално-револуционерниот период под наслов „Најди го одговорот“.
Работилницата содржи три дела. Во првиот дел учесниците ја слушаат презентацијата од стручно лице што се однесува на тој период. Учесниците се поделени во групи од три ученици и во вториот дел, учесниците одговараат на прашања, на претходно подготвени тестови, каде точноста на одговорите им носат бодови во понатамошниот натпревар. Во финалето, односно третиот дел, треба да ги најдат позициите на веќе одговорените прашања во постојаната поставка. Групата со најдобро време и точност добива дополнителни бодови. Победник е најдобрата група со точни одговори и најдобро време во “наоѓање на одговорот“ во музејската поставка.
Времетраењето на работилниците е од 45 до 60 минути.
Голема благодарност за учеството на учениците од ООУ Лазо Ангеловски од Скопје и нивниот наставник со кои ја промовиравме оваа работилница.









