Актуелности

Свечена академија во чест на Св. Климент

Во чест на Свети Климент Охридски, на 8 декември 2024 година, во Музејот на македонската борба за самостојност беше одржана свечена духовна академија во организација на Македонската Православна Црква. Честувањето на патронот – светиот Климент Охридски, се одржа пред голем број угледни гости од јавниот живот. Пред присутните свои обраќања имаа претседателката на Република Македонија

Свечена академија во чест на Св. Климент Read More »

Ново издание од работилницата „Запознај го животот во минатото“

Минатата недела учесници во работилницата „Замисли го животот во минатото“ беа учениците од ОУ Наум Наумовски – Борче од Скопје. Водени од нашиот едукатор, учениците се запознаа со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото презентирани во традиционалната куќичка. Импресиите и знаењата беа применети во креативниот дел од работилницата.

Ново издание од работилницата „Запознај го животот во минатото“ Read More »

Нова едукативна интерактивна работилница „Најди го одговорот“

Музејот почнува со реализација на нова едукативна работилница со натпреварувачки карактер која се однесува на национално-револуционерниот период под наслов „Најди го одговорот“. Работилницата содржи три дела. Во првиот дел учесниците ја слушаат презентацијата од стручно лице што се однесува на тој период. Учесниците се поделени во групи од три ученици и во вториот дел, учесниците

Нова едукативна интерактивна работилница „Најди го одговорот“ Read More »

Сведоштва за ослободувањето на Скопје

На 13 ноември 1944 година, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, скопјани победоносно ја дочекаа слободата. За Скопје загинаа повеќе од 420 херои кои никогаш нема да бидат заборавени. За бескомпромисната борба и желбата за слобода, за големата храброст на хероите, ослободителите на Скопје, партизаните од единиците на 42-та и 50- та НО дивизија

Сведоштва за ослободувањето на Скопје Read More »

Музејот на Годишна конференција на НЕМО во Сибиу, Романија

Музејот на македонската борба за самостојност е дел од Годишната конференција на Европската мрежа на музејски организации НЕМО, којашто се одржува од 10 до 12 ноември во Сибиу, Романија. Претставник  на музејот е Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос историчар, која заедно со колегите од бројни европски музеи и организации, дебатира на годинашната тема на конференцијата

Музејот на Годишна конференција на НЕМО во Сибиу, Романија Read More »

Отворена изложбата „Од семејно до институционално културно наследство“ во Истанбул

На 8 ноември 2024 година во македонскиот културно-информативен центар во Истанбул беше отворена изложбата „Од семејно до институционално културно наследство – семејството Шабан. На отворањето на изложбата се обратија Диме Ратајковски, директор на центарот, Елизабета Марковска, автор на изложбата и Џангул Шабан, претставник на семејството Шабан. Изложбeната експозиција ја сочинуваат 15 изложбени паноа, со текстови

Отворена изложбата „Од семејно до институционално културно наследство“ во Истанбул Read More »

Во чест на Димитрија Чуповски

На 8 ноември се одбележуваат 146 години од раѓањето на Димиртија Чуповски, истакнат македонски, културен и политички деец. Роден е на 8 ноември 1878 година во селото Папрадиште, Велешко. Своето основно образование го започнува во Крушево и учи во вечерното училиште за македонските ученици во Софија организирано од македонските интелектуалци Даме Груев и Петар Попaрсов.

Во чест на Димитрија Чуповски Read More »

Изложбата “Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан” гостува во Истанбул

Изложбата “Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан” на Музејот на македонската борба за самостојност ќе гостува од 8 до 14 ноември во Културно-информативниот центар во Истанбул. Изложбeната експозиција ја сочинуваат 15 изложбени паноа, со текстови и фотографии од донирани предмети на семејството Шабан, кои со својата единствена посебност доловуваат моменти и  пренесуваат

Изложбата “Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан” гостува во Истанбул Read More »

Отворен Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“

Од 1 до 3 ноември, Музејот на македонската борба за самостојност е домаќин на 12. Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“ во организација на Институтот за национална историја на УКИМ, Универзитетот во Болоња и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје, под покровителство на Македонската православна црква – Охридска

Отворен Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“ Read More »

Работилница со учениците од Основното училиште „Иднина“

Едукативните работилници од програмата „Запознај го животот во минатото“ продолжуваат во НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Оваа недела бевме домаќини на учениците од Основното училиште со ресурсен центар “Иднина“ – Скопје. Во пријатна атмосфера во музејската поставка тие се запознаа со животот на луѓето во минатото. Откако им беа презентирани предметите во етно

Работилница со учениците од Основното училиште „Иднина“ Read More »

Scroll to Top