Свечена академија во чест на Св. Климент

Во чест на Свети Климент Охридски, на 8 декември 2024 година, во Музејот на македонската борба за самостојност беше одржана свечена духовна академија во организација на Македонската Православна Црква.

Честувањето на патронот – светиот Климент Охридски, се одржа пред голем број угледни гости од јавниот живот. Пред присутните свои обраќања имаа претседателката на Република Македонија – г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова; Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, како и продеканот на ПБФ „Свети Климент Охридски“ во Скопје – проф. д-р Виктор Недески.
Свеченоста беше збогатена со изведбите на хорот „Свети Климент Охридски“, како и на Архиепископскиот брас квартет.

Фотографија: МПЦ

Scroll to Top