културна меморија на ноавм
традиција што ја негуваме
Славната Народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) е дел од колективната меморија на македонскиот народ. На асномските темели е изградена македонската државност во институционална форма, добивајќи го својот автентичен национален и културолошки израз. Како држава ја негуваме традицијата, а универзалните принципи кои произлегоа од војната, како државноста, слободата, демократијата и човековите права сѐ уште претставуваат највозвишени атрибути на човештвото.









