на патот до слободата
Ден на народното востание
11 октомври 1941 година
11 октомври 1941 година е неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ и го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна (НОАВМ) во Вардарска Македонија. Борците од првиот Прилепски партизански одред со нападот на бугарската полициска станица, затворот и прекинот на електричните и телефонски врски, го трасираа борбениот пат кон слободата. Веќе следниот ден, на 12 октомври 1941 година почнаа вооружените акции и во Кумановско. Во месноста Менкова Колиба беше формиран Карадачкиот партизански одред, кој заедно со Кумановскиот партизански одред формиран во месноста Студена Вода ги интензивираше воените дејства до 17 октомври 1941 година. 11 октомври 1941 се чествува како Ден на народното востание, утврден во Законот за прогласување државен празник уште од 8.9.1945 година.

Борци од Првиот прилепски партизански одред
Трајко Бошкоски-Тарцан, командант на Оперативниот штаб и Мицко Козар, комесар



