македонија во втората светска војна
Во периодот на Втората светска војна македонскиот народ активно учествуваше на страната на антифашистичката коалиција, воден од идејата за национално ослободување и социјална правда. Постојаната поставка го илустрира времето на народноослободителното движење поткрепено со музејски предмети, кои заедно со примарните извори, фотографиите, но и личните и семејни стории го документираат и автентично го портретираат подвигот на македонскиот народ…
МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
Во периодот на Втората светска војна македонскиот народ активно учествуваше на страната на антифашистичката коалиција, воден од идејата за национално ослободување и социјална правда. Постојаната поставка го илустрира времето на народноослободителното движење поткрепено со музејски предмети, кои заедно со примарните извори, фотографиите, но и личните и семејни стории го документираат и автентично го портретираат подвигот на македонскиот народ. Визијата за државност, желбата за слобода и директниот отпор од народноослободителна борба (НОБ) прерасна во Народноослободителна војна (НОВ). Во најбруталната војна на човештвото македонскиот народ ги совлада неизмерните тешкотии и ги постави темелите на современата македонска држава.
Реконцепцијата произлегува и од научно-истражувачка работа, при што е издвоен оригинален архивски материјал од Државниот архив на РС Македонија (ДАРСМ), презентиран во постојаната поставка за сеопфатно и веродостојно претставување на содржината.
