Изложбата Оперска одисеја – наследството на Милка Ефтимова, гостува во Спомен-куќата на Мајка Тереза

На 27 октомври, во НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза, по повод светскиот ден на операта, 25 октомври, беше отворена изложбата Оперска одисеја – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата е посветена на познатата македонска оперска пејачка и е резултат на соработката меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза.
На отворањето, пред присутните се обратија в.д. директорката на Музејот на македонската борба за самостојност – Анче Илиевска, в.д. директорката на Спомен-куќата на Мајка Тереза – Соња Кузмановска и Александар Трајковски, музички публицист и педагог.

 

Поставката содржи документарен материјал што ја презентира нејзината богата професионална кариера.
Автор е Василија Чали, а кураторки се Елизабета Марковска од Музејот на македонската борба за самостојност и Цветанка Вучковска – Митовска од Спомен – куќата на Мајка Тереза.

Фото: НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза

Scroll to Top