Изложбата „Огнот во човековата рака – Белези на атентатите“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Огнот во човековата рака – Белези на атентатите“ од авторот Александар Тодоровски беше поставена во петок, 6 ноември, со почеток во 13.00 часот.

Пред присутните колеги и гости, на отворањето се обратија директорката на музејот Анче Илиевска и авторот Александар Тодоровски.

Изложбата презентира автентични модели на оружје што биле користени во некои од клучните атентати во македонската револуционерна историја во текот на 1920-тите и 1930-тите години, a ќе биде отворена за јавноста до 15 ноември.

Модератор на настанот беше Софија Ангелова-Левајковска.

 

Scroll to Top