Проектот „Македонија 360 – Дигитална туристичка мапа со 360° виртуелни тури – целосен дигитален водич за туризам и културно-историско наследство“ беше промовиран на 5 ноември во Музејот на македонската борба за самостојност www.macedonia360.mk. Нашиот музеј беше партнер во проектот на Агенцијата за туризам и маркетинг „Македонија на дланка“.
Пред присутните гости пригодни обраќања имаа директорката на музејот, Анче Илиевска, авторот Бојан Тренчевски, проф. Благоја Марковски од Природно-математички факултет – Институтот за географија и Александар Богоевски, експерт за одржлив туризам.
Проектот вклучува дигиталната презентација на културно-историското наследство, преку изработка на 360° виртуелни прошетки низ музеи, археолошки локалитети, меморијални куќи и други објекти од културно значење. Музејот на македонската борба е дел од практичната примена на оваа технологијасо 360° виртуелна прошетка збогатена со аудионарации на македонски и на англиски јазик.






