Учество на меѓународната конференција „Echoes of Conflict, Paths to Peace“ на ИКОМ Етикс

М-р Данијела Трајкова-Крстиќ, виш кустос во музејот, беше избрана на отворен повик да ја претстави својата работа и музејот на меѓународната конференција „Echoes of Conflict, Paths to Peace“, организирана од ICOM – International Committee on Ethical Dilemmas (IC Ethics), која се одржа минатиот месец во Сараево, БиХ.

Преку трудот „Од донации до дијалог: личните колекции и вклучувањето на младите во музејската интерпретација на Втората светска војна“, беше презентирано искуството од реконцепцијата на постојаната музејска поставка „Македонија во Втората светска војна“. Посебен акцент беше ставен на донациите како суштинска карактеристика на музејската збирка, нивната улога во поттикнувањето музејски дијалог и можностите за активно вклучување на младите во интерпретацијата на историското и културното минато.

Музејот изразува благодарност до Меѓународниот комитет на ИКОМ за етички дилеми (ICEthics) за можноста за меѓународна размена на идеи и искуства.

Scroll to Top