Работилница за изработка на „Ќостек“

На 20 декември 2022 година, во Музејот на македонската борба се одржа креативната работилница за изработка на “Ќостек“ во соработка со здружението Креативна работилница – Мобилност Скопје.
Учесниците на оваа работилница се запознаа со сложеноста на изработката на ќостекот – празничен накит кој го носеле мажите и жените на носиите, како синџир за часовник или како амајлија. Низ разговор со членовите на здружението Мобилност имавме можност да разговараме за нивните потреби.
Музеите како општествено одговорна институција, секојдневно ја зголемуваат свеста за важностана на пристапноста и инклузијата во сите пори на општеството.
Scroll to Top
Skip to content