Изложбата “Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан” гостува во Истанбул
Изложбата “Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан” на Музејот на македонската борба за самостојност ќе гостува од 8 до 14 ноември во Културно-информативниот центар во Истанбул. Изложбeната експозиција ја сочинуваат 15 изложбени паноа, со текстови и фотографии од донирани предмети на семејството Шабан, кои со својата единствена посебност доловуваат моменти и пренесуваат



