Изложбата „Кој кого жени?“ на Замокот Тракошќан од Република Хрватска во следниот месец гостува во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.
Свеченото отворање на изложбата беше на 4 декември 2025 (четврток) во 13 часот. Пред присутните гости, колеги, како и претставници на хрватската амбасада во Скопје и претставниците на Заедницата на Хрвати во Македонија, се обратија в.д. директорката Анче Илиевскa, авторката на изложбата Андреја Средноселец и координаторот Ана Вишинова.
Тематски фокус на изложбата е придонесот и значењето што го имале благородничките во хрватското општество и во нивните семејства. Македонската публика има можност да ја види оваа изложба до 11 јануари во галерискиот простор на првиот кат од музејот.
Гостувањето е резултат на соработката меѓу институциите и е воедно поттик за продлабочување на културните врски меѓу двете земји. Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска.
Специјални гости на отворањето беа соработниците од Ансамбл Македонија, кои за оваа пригода изведоа хрватски фолклорни песни.
Фотографии: Фросина Ристовска















