Изложбата „Рацете на традицијата“ во Музејот на македонската борба

НУ Музеј на македонската борба за самостојност, во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот – с. Џепчиште, ја постави изложбата „Рацете на традицијата“ – посветена на традиционалните занаети, нивниот пат од минатото кон современоста, таму каде што наследството се претвора во живо дело. Свеченото отворање беше на 01.12.2025 година (понеделник) во 19:00 часот.

Пред гостите, на отворањето се обратија в.д.директорката Анче Илиевска, авторот Елизабета Марковска, како и колекционерот Симеон Златев.

Изложбата ги поканува посетителите да ги откријат приказните зад секој рачно изработен предмет, да ги запознаат мајсторите занаетчии и да почувствуваат како преку нивните раце традицијата добива нов живот, како поддршка за луѓето кои со љубов, трпение и вештина ја чуваат нашата културна меморија и ја пренесуваат на идните генерации.

Изложбата ќе биде поставена во холот на музејот од 01.12.2025 до 15.12.2025 г.

Scroll to Top