Виртуелна прошетка низ Музејот на македонската борба

Музејот на македонската борба за самостојност нуди виртуелна прошетка низ објектот на музејот, преку соработката со партнерите од „Македонија на дланка – 360° Визуелен водич“.

На располагање на посетителите во првата фаза се влезниот хол, конференциската сала, како и привремената изложба Од чета до армија која беше поставена во август и септември.

Во следниот период приказот на музејот ќе биде збогатен со нови содржини и во делот на постојаната музејска поставка.

Партнерството е резултат на потпишаниот меморандум за соработка меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Здружението за промоција на култура, историја и туризам МАКИТ ВИРТУЕЛ од Скопје, како носител на активностите на веб-порталот Македонија на дланка. Платформата е единствена од таков тип во државата и со неа се промовираат културно-историски локации во 360° виртуелна технологија пред странските и домашните посетители.

Разгледајте го музејот на следниот линк https://macedoniafromabove.mk/muzejmakborba/

 

 

Scroll to Top