Бела ноќ во Музејот на македонската борба

Музејот на македонската борба за самостојност и годинава е дел од традиционалната манифестација која ја слави културата и уметноста во Скопје, Бела ноќ, која се одржува во сабота, 4 октомври.

Дел од програмата на Бела ноќ е изложбата „Од чета до армија“ на авторот Бојан Трпевски, која е поставена во холот на музејот. Посетителите имаат можност да ја посетат до 22 часот.

Оваа сабота, како и секоја прва сабота во месецот,  влезот во постојаната поставка е бесплатен за сите посетители во редовното работно време од 10 до 18 часот.

Scroll to Top