Претставување на Меѓународниот симпозиум на музеолози на Црна Гора

Од 2 до 5 октомври 2025 година, во Петровац, Црна Гора, се одржа Првиот меѓународен симпозиум на музеолози на Црна Гора, кој ги обедини професионалците од областа на музеологијата, конзервацијата, културното наследство и едукацијата.

 

 

Елизабета Марковска, кустос етнолог во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, учествуваше со излагање на тема „Улогата на музејската поставка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност во контекст на одржливиот развој“.

Со своето излагање, таа ја претстави работата на музејот на меѓународна сцена и придонесе за промоција на нашите активности во насока на зачувување на културното наследство, развој на публиката и одржливи културни практики.

Настанот овозможи и нови можности за соработка и размена на искуства со сродни институции од регионот и пошироко.

Scroll to Top