Изложба „Заборавени времиња“ по повод Меѓународниот ден на музеите

Изложбата „Заборавени времиња“ беше поставена во холот на музејот, по повод 18 мај, Меѓународниот ден на музеите.  Публиката има можност да види оригинални часовници од депото на збирката Македонија меѓу двете светски војни,  на авторот Александар Тодоровски, кустос во музејот. 

Со изложбата и со бесплатниот влез за сите посетители на 18 мај, недела, Музејот го одбележа 18 мај, Меѓународниот ден на музеите, кој годинава ја отвора темата „Иднината на музеите во заедниците кои брзо се менуваат“.

Scroll to Top